Нема на залиха

60 Дрвени блокови со сложувалка – ГРАД – Janod

2,890.00ден

Нема на залиха

Опис

Комплет шарени дрвени блокови и сложувалка, коишто ќе бидат бескрајна инспирација за малите архитекти. Содржи 60 практични блокови – згради, дрвја и возила (вклучувајќи: автобус, метро, ​​товарен траект, камион, такси, едрилица, патнички автомобил, итн.) и картонска сложувалка од 20 големи парчиња, којашто кога ќе се нареди  формира урбан простор со улици, паркинзи, парцели за изградба на куќи или деловни згради, паркови, шини и река, кои можат да се користат како основа за играта. Блоковите се прекрасно обоени, во бои погодни за деца, типични за урбаниот пејзаж – природно дрво, бело, црно, сиво, зелено или црвено.

Спакувано е во естетска, темна картонска кутија (19 x 13 x 25 cm), совршена за подарок.

Димензии на сложувалката: 60 x 60 cm. Блоковите се обоени со бои на водена основа.

Дрвените блокови од серијата Kubix, се комбинација на забава и стимулација на развојот на детето. Уредувањето на блоковите му помага на детето на спонтан начин да ја развие својата имагинација, креативност, разбирањето на просторот, меѓузависноста и логичното размислување. Блоковите се исто така одлична вежба за моторичките вештини на малите раце, концентрацијата и трпеливоста.