Нема на залиха

Дрвена кујна со додатоци – Hape

14,490.00ден

Нема на залиха

Опис

Совршена дрвена кујна за малите готвачи. Со нејзиниот реалистичен изглед, таа ќе им помогне на децата целосно да се соживеат со играта.

Кујната е опремена со низа додатоци и карактеристики, вклучувајќи кафемат со реални копчиња, машина за миење садови, рерна за печење, шпорет, мијалник, шкафови за складирање, садови за готвење и многу повеќе.

Исто така, има голема работна површина и уникатни карактеристики, како што се ламба за аспираторот и микробранова печка со автентичен звучен „динг“ ефект.

За комплетирање на готвачкото искуство, содржи и: зеленчук, тенџере, тава, голема лажица, лажичка и шолја за кафе.

Играјќи ја улогата на готвач, вашето дете ќе ги развие своите моторички вештини, ќе научи да споделува и да се чувствува како да помага дома!

Hape е еден од најголемите светски производители на дрвени играчки. Тие се водат од идејата дека иднината им припаѓа на нашите деца и создава играчки кои инспирираат игра, учење и истражување на светот во кој живееме. Сите производи ги исполнуваат, и почесто, ги надминуваат најстрогите меѓународни стандарди за квалитет и безбедност.

Димензии: 97 x 37 x 97 cm

Материјал: Дрво