На залиха во главен магацин

Дрвена Играчка Магичен Клавир – Hape

2,190.00ден

Опис

За возраст од 12 месеци и понатаму
Помага во развојот на моторичките вештини и координацијата
Ослободете ја креативноста на вашето дете со ова пијано за рана возраст. Пијаното магично прави музика со само еден допир. Вклучува 3 нотни листови и 6 различни песни

Со нежниот допир на нивните мали прсти, дечињата ќе создадат стотици различни песни, играјќи си со ова Baby Ainstein / Hape Magic Touch пијано. Изработено од дрво, ова пијано е направено со иновативна технологија на допир, така што не се потребни копчиња или клавиши!
Двата режими на работа му даваат на вашето дете можност да прави сопствена музика, или да свири заедно со класичните мелодии.
Играњето со музички играчки, им помага на децата да се прилагодат на различни ритмички обрасци и звуци уште од рана возраст. Оваа играчка за поддршка на развојот на музикалноста доаѓа со 3 листови со ноти во боја. На тој начин, децата ќе вежбаат координација на боите од нотните листови, со боите на клавишите на пијаното. Но, оваа играчка не е само за мали деца – придружете им се покрај пијаното за заедничка забава! И не грижете се дали ќе се разбуди помалиот брат или сестра. Копчињата за контрола на јачината на звукот ви дозволуваат да ја вклучите музиката на „ниско“, или да ја зголемите до „високо“, за пијано изведба на главната сцена. Со која било јачина, висококвалитетните звучници ќе се погрижат сонатата на вашето дете да звучи правилно.
Димензии: 22.5 x 30 x 12.5 cm.

Вие исто така би сакале…