Нема на залиха

Едукативна сложувалка – Зеленчук – Rubbabu

1,100.00ден

Нема на залиха

Опис

Оваа сложувалка е убава развојна играчка за деца на возраст од една година и понатаму. Извонредно мека и пријатна на допир, оваа сложувалка е во форма на патлиџан од 2 дела: стебло и дршка, коишто можат да се спојат и разделат. На патлиџанот има 7 вдлабнатини во коишто можат да се вметнат соодветните зеленчуци: пченка, тиква, краставица, печурка, компир, пиперка и морков.

Играчките Rubbabu се уникатни, забавни, безбедни и еколошки. Изработени се рачно, од 100% природна гумена пена. Нивната мека, еластична текстура како и јасните бои, ги прват идеални играчки за стимулирање на детската фантазија.

Сите играчки на Рубабу се хипоалергични. Нивната кадифена обвивка е направена од висококвалитетно најлонско влакно од Шпанија, а за боење се користат сертифицирани бои за храна. Тие исто така се погодни за деца со посебни потреби, за терапевтски цели и полисензорна стимулација

ОДРЖУВАЊЕ: Производот не треба да се стерилизира, или да се мие во машина за миење садови. Се препорачува да се чисти внимателно со влажна крпа.

ВНИМАНИЕ! Како резултат на употребата, производот може да биде предмет на природноабење. Иако се сосема безбедни и за бебиња, овие играчки не можат да служат како глодалки.

Безбедност и квалитет: Без олово, фталати, ПВЦ, бисфенол или други штетни материи, Во согласност со CPSIA, EN 71 и REACH и AS / NZS ISO 8124 стандардите