Нема на залиха

Количка Divo Travel System Graphic – Foppapedretti

36,990.00ден

Нема на залиха

SKU: 1945 / 9700334501 Категории , ,

Опис

Новата количка Divo од Foppapedretti е компактна, лесна, едноставна за ракување и многу тренди… совршена комбинација на удобност и стил! Divo овозможува најголема удобност и за детето и за родителите, благодарение на специјалните големи тркала со шари, погодни за секаков вид терен.

На нејзината лесна алуминиумска рамка можете лесно да го поставите пространото, меко седиште, кое е компактно и се лесно се преклопува за складирање. Седечкиот дел е реверзибилен,може да се постави да гледа во насока на движењето на количката и обратно, погодно е од раѓање.
Со големо внимание се внимавало на деталите со што Divo ја прави многу елегантна и софистицирана: црната рамка со хромирани додатоци е лесна и компактна, текстилот е со висок квалитет, а различните бои, од класични до стилски, ги задоволуваат дури и најпребирливите родители.

За да го комплетирате системот за патување Divo, можете да го комбинирате со:
– Комфорна чанта за мајки со простирка за пресоблекување (одделно се продава)
– Прекривка за нозе Divo (одделно се продава)
– Y-BASE Isofix основа за автомобилско седиште (одделно се продава)

КОРПА

Погодна од раѓање
Се склопува и е супер компактна
Прилагодлива тенда
Прекривка која се отстранува
Детали од вештачка кожа
Не е хомологирана за употреба во автомобилот

КОЛИЧКА

Погодна од раѓање до 15 кг (приближно 3 години)
Рамка која се преклопува
Може да се преклопи со поставено седиште,кое е реверзибилно(се врти и кон назад)
Рачка обложена со вештачка кожа
Тркала со гума „outrider“. Ја подобрува отпорноста на триење и лизгање и го олеснува возењето во секакви услови (снег, мраз, песок, чакал)
Тркала со внатрешен дел EVA кој нуди поголем капацитет за апсорпција на вибрации и напрегањата кои произлегуваат од секојдневната употреба на системот за патување
Предни ротирачки тркала
Задни тркала со сопирачка
Предни и задни тркала опремени со топчести лежишта
Потпирачот за грб со подесување во повеќе позиции (во положба напред или свртено назад)
Прилагодлива тенда во висина која се собира, со проѕирно прозорче и прозорче за подобра циркулација на воздух
Пречката напред е обложена од ткаенина од вештачка кожа
Прилагодлив потпирач за нозе
Навлака за нозе се продава одделно
Вклучена покривка за дожд
Шопинг корпа за складирање

АВТОМОБИЛСКО СЕДИШТЕ

Група 0+, хомологирана за деца од раѓање до 13 кг
Може лесно да се инсталира на рамката со адаптери за закачување/откачување
Со прилагодлива хтенда и дополнително перниче за првите месеци
Може да се користи како лулка и како носач за бебиња
Се одликува со удобна прилагодлива рачка за транспорт

Во согласност со европскиот стандард ECE R44/04.