Нема на залиха

Количка со активности Sweet Cocoon – Janod

4,290.00ден

Нема на залиха

Опис

Оваа прекрасна количка со повеќе активности е одлична за да им помогне на децата да научат да одат. Погодна е за деца на возраст од 12 месеци и повеќе. Има невидлива, отстранлива сопирачка, што овозможува да ги затегнувате или  да ги ослободувате тркалата спред потребите, за да можете да ја контролирате брзината на количката додека вашето дете учи.

Покрај тоа што му помага на детето да застане на нозе, оваа количка има и 9 различни активности за вежбање на неговите моторички вештини и умешност: сметало, кутија за облици, лавиринт, запченици, ротирачки прекинувач со вграден звук, копче за „гребење“, ротирачко огледало за зголемување, тапан и метален ксилофон за развој на слухот за музика.

Внатрешноста на количката има мека подлога за намалување на бучавата од паѓањето блоковите со форми внатре. Тркалата се обложени со гума.

Кога на сето ова ќе се додаде и нејзиниот трендовски дизајн, вие и бебето сигурно ќе ја сакате оваа забавна количка.

Оваа играчка е дел од колекцијата Sweet Cocoon, префинети играчки со бои инспирирани од тековните трендови и коишто нежно го поттикнуваат раниот детски развој.

Димензии: 34,5 x 37 x 47,5 cm