Нема на залиха

Крема Со Цинк 100мл Natural Sensation – Chicco

380.00ден

Нема на залиха

SKU: 745910000 Категории ,

Опис

4 начини на заштита.
Специјално дизајнирана за третман на најчувствителните области на кожата, ја штити во пределот на пелени. Формулата без парфем обезбедува екстра чувствителна заштита.

Ефикасноста е загарантирана од страна на четири активности:

1. Спречува иритација и црвенило предизвикано од надворешни агенси,за борба против појава на осип и иритации.

2. Ја штити кожата и ја зајакнува природната одбрана на телото, преку создавање на бариера на кожата, истовремено оставајќи ја слободно да дише.

3. Ја смирува кожата од првата употреба со обновување на кожната бариера.

4. Ја подобрува кожата со поттикнување на природниот процес на регенерација на кожната бариера.

Текстурата на кремот овозможува лесно нанесување на.

Начин на употреба: Нанесете тенок слој со масажа секогаш на сува и чиста кожа со секое менување на пелени.

Активните и природни состојки
• цинк оксид 10%: лечи.

• Shea путер: Ја регенерира кожната бариера.

• пантенол (провитамин Б5):Делува навлажнувачки, омекнува и смирува.

• Витамин Е: навлажнувачки и заштитни мерки.

БЕБЕШКАТА КОЖА Е ОСЕТЛИВА И ДЕЛИКАТНА, ПРИРОДНА…
Развојот на кожата започнува уште во првиот месец од бременоста и продолжува во текот на првата година од животот на бебето.
УНИКАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Кога бебето ќе се роди, неговата кожа е кревка и деликатна. Постојат три разлики во споредба со кожата кај возрасните.
1. ПОТЕНКА
Кожата е потенка па оттука и поранлива и три пати поосетлива на различни надворешни субстанци отколку кај возрасните.
2. СУВА
Кожата произведува помала количина на липиди и механизмот за регулација на балансот на вода не е доволно развиен, што ја прави кожата сува и дехидрирана.
3. ЛЕСНО ИРИТИРАЧКА
При раѓање pH киселоста кај новороденчето е помала и помалку ефикасна против можни иритации.
ПРИРОДНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА.
Во тект на последниот квартал од бременоста кожата е заштитена од “vernix caseosa”, тенок беложолтеникав слој од вода, восоци и масни субстанци со заштитна функција. Оваа природна заштита се лупи во текот на првите денови од животот.

СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА БЕБЕШКАТА КОЖА
Chicco Natural Sensation е нова линија создадена да го следи целиот процес на природен развој на бебешката кожа, како кога е во стомакот на мајката.
Сите формули се инспирирани од составот на varnix caseosa, природна заштита во текот на бременоста, за да ја чисти, и заштитува бебешката кожа, содржејќи го само она што е потребно.
ЗОШТО ДА СЕ ОДБЕРЕ
ПРИРОДНИ АКТИВНИ СВОЈСТВА
Одбрани заради нивните специфични својства, со висок токсиколошки безбедносен профил.
ВИСОКА ТОЛЕРАНЦИЈА
Тестирано под медицински надзор од познати независни институти, утврдена е нивната подносливост и ефикасност со позитивни резултати.
БЕЗ ПАРАБЕН И ПЕНОКСИЕТАНОЛ
Сите формули се екстра нежни, создадени почитувајќи ја бебешката деликатна кожа.

Одобрено од страна на дерматолози и педијатри. Идеални за употреба од самото раѓање.
*Клинички тестирано под медицински надзор на 60 бебиња во 4 недели, три производи – маслена купка, лосион за тело и крема со цинк.

Вие исто така би сакале…