На попуст!
На залиха во главен магацин

Кујна од дрво – Мозаик – Janod

7,890.00ден

Опис

Детска кујна со вистински карактер! Направена е во прекрасна комбинација од природно дрво, црна боја и обоени мозаици, што ѝ дава навистина елегантен изглед. Децата што „готват“ на ваква кујна, сигурно ќе смислат некои иновативни рецепти! Затоа, оставете ги слободно да ѝ се препуштат на фантазијата и видете до каде може да ги однесе инспирацијата од мама и тато!

Доаѓа со куки за закачување, 1 лажица, 1 тава, 1 метална цедалка и 3 картонски кутии за храна (сирење, брашно, ориз), метален мијалник, 2 ротирачки копчиња со звук (кога ќе го притиснете црвеното копче еднаш, се палат сијаличките за грејачите, а кога ќе ги притиснете два пати се слуша звук на вода што врие. Светлата и звукот се гасат самите по 30 секунди, или може да ги изгасите доколку стиснете на кочињата трет пат.)

Како и вистинските кујни, има 2 копчиња со звучни сигнали за вклучување на грејачите и на рерната. Рерната и бифето се со магнетни вратички.

Висина на работната површина: 50 cm. Димензии 55 x 30 x 87 cm

Потребно е склопување. Потребно време 50 мин.

Може да ви се допаѓа и…