Нема на залиха

Купка Шампон 200мл Natural Sensation – Chicco

240.00ден

Нема на залиха

SKU: 771410000 Категорија

Опис

Купка шампон без солзи, ја чисти кожата и косата на бебето со најголема нежност. Ја чува деликатната кожа на децата оставајќи ја нежно миризлива. Косата ја прави мека и лесна за расчешлување. Состојките во формулата се внимателно одбрани и балансирани за да овозможат идеално чистење и негување на кожата и косата. Лесно се плакне. Не ги иритира очите.
Начин на употреба: се раствара во водата во кадичката. Исплакнете на крај од бањањето со топла вода. Идеално за секојдневна употреба.
Активни состојки:
* алое: навлажнува и омекнува
* камилица: смирува и омекнува
* бетаин: навлажнува и штити
Ја запазува физиолошката РН вредност на кожата. Без парабени, алкохол и бои. Без сапун. Хипоалергено: формулирано за да го намали ризикот од алергии.

БЕБЕШКАТА КОЖА Е ОСЕТЛИВА И ДЕЛИКАТНА, ПРИРОДНА…
Развојот на кожата започнува уште во првиот месец од бременоста и продолжува во текот на првата година од животот на бебето.
УНИКАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Кога бебето ќе се роди, неговата кожа е кревка и деликатна. Постојат три разлики во споредба со кожата кај возрасните.
1. ПОТЕНКА
Кожата е потенка па оттука и поранлива и три пати поосетлива на различни надворешни субстанци отколку кај возрасните.
2. СУВА
Кожата произведува помала количина на липиди и механизмот за регулација на балансот на вода не е доволно развиен, што ја прави кожата сува и дехидрирана.
3. ЛЕСНО ИРИТИРАЧКА
При раѓање pH киселоста кај новороденчето е помала и помалку ефикасна против можни иритации.
ПРИРОДНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА.
Во тект на последниот квартал од бременоста кожата е заштитена од “vernix caseosa”, тенок беложолтеникав слој од вода, восоци и масни субстанци со заштитна функција. Оваа природна заштита се лупи во текот на првите денови од животот.

СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА БЕБЕШКАТА КОЖА
Chicco Natural Sensation е нова линија создадена да го следи целиот процес на природен развој на бебешката кожа, како кога е во стомакот на мајката.
Сите формули се инспирирани од составот на varnix caseosa, природна заштита во текот на бременоста, за да ја чисти, и заштитува бебешката кожа, содржејќи го само она што е потребно.
ЗОШТО ДА СЕ ОДБЕРЕ
ПРИРОДНИ АКТИВНИ СВОЈСТВА
Одбрани заради нивните специфични својства, со висок токсиколошки безбедносен профил.
ВИСОКА ТОЛЕРАНЦИЈА
Тестирано под медицински надзор од познати независни институти, утврдена е нивната подносливост и ефикасност со позитивни резултати.
БЕЗ ПАРАБЕН И ПЕНОКСИЕТАНОЛ
Сите формули се екстра нежни, создадени почитувајќи ја бебешката деликатна кожа.

Одобрено од страна на дерматолози и педијатри. Идеални за употреба од самото раѓање.
*Клинички тестирано под медицински надзор на 60 бебиња во 4 недели, три производи – маслена купка, лосион за тело и крема со цинк.

Вие исто така би сакале…