Нема на залиха

Лосион За Тело 150мл Natural Sensation – Chicco

420.00ден

Нема на залиха

Опис

24 часа хидратација од првата употреба.
Лосионот за тело ја храни меката кожа на вашето бебе од самиот почеток и ја одржува на соодветно ниво влажноста.Не ја нарушува природната бариера на кожата, ја штити, ја зајакнува и овозможува слободно да дише. Кремот ја остава кожата мека и миризлива. Лесно и брзо се апсорбира, не е мрсна.

Начин на употреба: Се нанесува на чиста и сува кожа, се масира нежно додека целосно се апсорбира. Идеален за секојдневна употреба уште од првите денови.

Активните и природни состојки
• Shea путер: ја регенерира кожата
• Витамин Е: навлажнува и штити
• Оризово масло: негува и омекнува
• масло од сладок бадем: негува и омекнува

БЕБЕШКАТА КОЖА Е ОСЕТЛИВА И ДЕЛИКАТНА, ПРИРОДНА…
Развојот на кожата започнува уште во првиот месец од бременоста и продолжува во текот на првата година од животот на бебето.
УНИКАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Кога бебето ќе се роди, неговата кожа е кревка и деликатна. Постојат три разлики во споредба со кожата кај возрасните.
1. ПОТЕНКА
Кожата е потенка па оттука и поранлива и три пати поосетлива на различни надворешни субстанци отколку кај возрасните.
2. СУВА
Кожата произведува помала количина на липиди и механизмот за регулација на балансот на вода не е доволно развиен, што ја прави кожата сува и дехидрирана.
3. ЛЕСНО ИРИТИРАЧКА
При раѓање pH киселоста кај новороденчето е помала и помалку ефикасна против можни иритации.
ПРИРОДНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА.
Во тект на последниот квартал од бременоста кожата е заштитена од “vernix caseosa”, тенок беложолтеникав слој од вода, восоци и масни субстанци со заштитна функција. Оваа природна заштита се лупи во текот на првите денови од животот.

СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА БЕБЕШКАТА КОЖА
Chicco Natural Sensation е нова линија создадена да го следи целиот процес на природен развој на бебешката кожа, како кога е во стомакот на мајката.
Сите формули се инспирирани од составот на varnix caseosa, природна заштита во текот на бременоста, за да ја чисти, и заштитува бебешката кожа, содржејќи го само она што е потребно.
ЗОШТО ДА СЕ ОДБЕРЕ
ПРИРОДНИ АКТИВНИ СВОЈСТВА
Одбрани заради нивните специфични својства, со висок токсиколошки безбедносен профил.
ВИСОКА ТОЛЕРАНЦИЈА
Тестирано под медицински надзор од познати независни институти, утврдена е нивната подносливост и ефикасност со позитивни резултати.
БЕЗ ПАРАБЕН И ПЕНОКСИЕТАНОЛ
Сите формули се екстра нежни, создадени почитувајќи ја бебешката деликатна кожа.

Одобрено од страна на дерматолози и педијатри. Идеални за употреба од самото раѓање.
*Клинички тестирано под медицински надзор на 60 бебиња во 4 недели, три производи – маслена купка, лосион за тело и крема со цинк.

Вие исто така би сакале…