Нема на залиха

Магнетна игра – ЕМОЦИИ – Janod

1,790.00ден

Нема на залиха

Опис

Оваа магнетна игра, ќе го воведе вашето дете во светот на различните емоции со помош на илустрираните картички на коишто се претставени ситуации од секојдневниот живот. Играта содржи и водич за емоции, напишан од експерти по психомоторика. Позадината на секоја картичка има израз на лице којшто е одговор за која емоција се работи во конкретната ситуација. Секој израз на лице од картичката кореспонидира со ист таков магнет, којшто служи за да се репродуцира соодветата емоција.

Комплетот содржи 10 емоции за откривање: радост, страв, тага, гнев, засраменост/срамежливост, љубов, одбивност, смеа, љубомора, изненадување.

Играта има 2 нивоа: едноставно пресликување на изразот на позадината на картичката, или, за поголемите деца, да се обидат да претпостават која емоција е поврзана со одредена ситуација.

На дното од кутијата има огледалце, коешто ќе им овозможи на децата да се гледаат додека прават израз на лицето соодветен на одредена емоција.

Содржина: 1 дрвена подлога, 27 големи магнети (10 лица, 10 смајли, 7 магнети-облеки) и 20 картички со претставени ситуации.

Возраст: 2-5 години.

Материјал: Дрво, картон