Нема на залиха

Магнетна книга Сложувалки со животни – Janod

1,290.00ден

Нема на залиха

Опис

Магнетните книги на францускиот бренд Janod се одлични играчки коишто ги развиваат креативноста и имагинацијата и се сакани од децата низ целиот свет. Игрите се состојат од магнети коишто се уредуваат и комбинираат на таблата во различни дезени. Овие сложувалки ќе ви служат долго време и нема да им бидат здодевни на децата, бидејќи нудат многу креативни можности. Тие се прекрасно изработени, што дополнително ја буди смислата за уметност, а исто така ги тренираат логичкото размислување и умешноста на рацете кај детето.

Магнетната книга ПОРТРЕТИ НА ЖИВОТНИ содржи 72 илустрирани магнети од коишто можат да се состават 9 портрети на животни како што се маче, панда, тигар, крава и други. Содржи и 9 картички со примери. Магнетните компоненти овозможуваат со нив децата да создаваат и сопствени креации.

Ова е одлична забава за малите љубители на животните, како и за сите креативни деца.

Пакувањето е направено од тврд картон во форма на книга. На внатрешноста на капакот има илустрирана магнетната плоча. Двете прегради внатре помагаат подобро да се организираат магнетите и картичките.

Магнетните игри од оваа серија изгледаат одлично и се совршени и како подарок.