Нема на залиха

Магнетна книга Светот на бајките – Janod

1,290.00ден

Нема на залиха

Опис

Магнетните книги на францускиот бренд Janod се одлични играчки коишто ги развиваат креативноста и имагинацијата и се сакани од децата низ целиот свет. Игрите се состојат од магнети коишто се уредуваат и комбинираат на таблата во различни дезени. Овие сложувалки ќе ви служат долго време и нема да им бидат здодевни на децата, бидејќи нудат многу креативни можности. Тие се прекрасно изработени, што дополнително ја буди смислата за уметност, а исто така ги тренираат логичкото размислување и умешноста на рацете кај детето.

Магнетната книга СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ содржи 30 шарени магнети со елементи за создавање на добро познати ликови од бајките како што се: Црвенкапа, Мачорот во чизми, вештерка, самовила или џуџе и 10 карти со илустрации на овие ликови.

Магнетите исто така им овозможуваат на децата да креираат сопствени измислени херои. Ова е одлична забава за малите љубители на бајките, како и за сите креативни деца.

Пакувањето е направено од тврд картон во форма на книга. На внатрешноста на капакот има илустрирана магнетната плоча. Двете прегради внатре помагаат подобро да се организираат магнетите и картичките.

Магнетните игри од оваа серија изгледаат одлично и се совршени и како подарок.