Нема на залиха

Маслена Купка 200мл Natural Sensation – Chicco

320.00ден

Нема на залиха

SKU: 2002 / 745110000 Категории ,

Опис

За екстра чувствителна кожа.
Маслената купка ја чисти кожата на бебето. Отстранување на нечистотијата без менување на вредностите на хидро-липидниот слој. Затоа е исклучително нежна за деликатната кожа на бебето во споредба на конвенционалните детергенти. Можете да ја користите за миење на првата бебешка коса. Поради својата ултра хранлива формула е идеалена за секојдневна употреба уште од раните денови во присуство на многу сува кожа. Со секое капење кожата на бебенцето ќе биде мека и хидрирана.

Начин на употреба: се разредува во водата за бањање (37 ° C), каде што се дисперзира со раката. Произведува пријатна бела емулзија со исклучително навлажнувачки својства. Тестирана во лабораторија. Алтернативно се примени директно на кожата со памучна крпа. Нема потреба да се исплакне.

Активни и природни состојки
• масло од сладок бадем
• Витамин Е: навлажнува и заштитува
• екстракт од невен: смирува и омекнува

БЕБЕШКАТА КОЖА Е ОСЕТЛИВА И ДЕЛИКАТНА, ПРИРОДНА…
Развојот на кожата започнува уште во првиот месец од бременоста и продолжува во текот на првата година од животот на бебето.
УНИКАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Кога бебето ќе се роди, неговата кожа е кревка и деликатна. Постојат три разлики во споредба со кожата кај возрасните.
1. ПОТЕНКА
Кожата е потенка па оттука и поранлива и три пати поосетлива на различни надворешни субстанци отколку кај возрасните.
2. СУВА
Кожата произведува помала количина на липиди и механизмот за регулација на балансот на вода не е доволно развиен, што ја прави кожата сува и дехидрирана.
3. ЛЕСНО ИРИТИРАЧКА
При раѓање pH киселоста кај новороденчето е помала и помалку ефикасна против можни иритации.
ПРИРОДНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА.
Во тект на последниот квартал од бременоста кожата е заштитена од “vernix caseosa”, тенок беложолтеникав слој од вода, восоци и масни субстанци со заштитна функција. Оваа природна заштита се лупи во текот на првите денови од животот.

СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА БЕБЕШКАТА КОЖА
Chicco Natural Sensation е нова линија создадена да го следи целиот процес на природен развој на бебешката кожа, како кога е во стомакот на мајката.
Сите формули се инспирирани од составот на varnix caseosa, природна заштита во текот на бременоста, за да ја чисти, и заштитува бебешката кожа, содржејќи го само она што е потребно.
ЗОШТО ДА СЕ ОДБЕРЕ
ПРИРОДНИ АКТИВНИ СВОЈСТВА
Одбрани заради нивните специфични својства, со висок токсиколошки безбедносен профил.
ВИСОКА ТОЛЕРАНЦИЈА
Тестирано под медицински надзор од познати независни институти, утврдена е нивната подносливост и ефикасност со позитивни резултати.
БЕЗ ПАРАБЕН И ПЕНОКСИЕТАНОЛ
Сите формули се екстра нежни, создадени почитувајќи ја бебешката деликатна кожа.

Одобрено од страна на дерматолози и педијатри. Идеални за употреба од самото раѓање.
*Клинички тестирано под медицински надзор на 60 бебиња во 4 недели, три производи – маслена купка, лосион за тело и крема со цинк.

Вие исто така би сакале…