На залиха во главен магацин

Мека Развојна Играчка Со Aктивности Кравата Розали – Lilliputiens

1,950.00ден

Опис

Оваа развојна играчка е оригинален, мек и мултифункционален извор на забава и учење за љубопитните мали деца. Има форма на шармантна кравичка полна со изненадувања, изработена од материјали со различни дезени и текстури. Играчката може да се рашири како книга. Внатре има кокошарник, а во него може да влегува кокошката Паулета, којашто е прицврстена на растеглива, вибрирачка лента. Oд другата страна e магарето Игнас, со бујна грива и глава во форма на флексибилно, безбедно огледало.

Розали има меки рогови и испакнати уши, а испушта едно „муууу“ кога ќе ја притиснете на носето. Предната половина шушка, а внатре има скриено ѕвонче. Таа во нозете држи обрач што служи како глодалка, а од страната има врвка со дрвено топче за лизгање.

Играчката е цврсто изработена и безбедна. Таа постојано изненадува и ја поттикнува детската имагинација. Помага во развојот на фините моторни вештини (фаќање, тресење, вметнување, извлекување, движење), го активира сетилото за слух (шушкање, штракање и други звуци), видот и допирот. Исто така, помага да се забележат некои причинско-последични односи,а благодарение на глодалката– ќе донесе олеснување во тешкиот период на никнување на забите.

За возраст од 9 месеци и понатаму
Помага во развојот на видот и слухот
Моторичките вештини и координацијата
Проникливоста, љубопитноста и фантазијата

Димензии: 14,5×14,5cm
Одржување: Се чисти само површината.
Материјал: полиестер и полиетилен (глодалката)

Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните! Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.

Може да ви се допаѓа и…