Нема на залиха

Мека Развојна Играчка Со Активности Носорогот Мариус – Lilliputiens

1,950.00ден

Нема на залиха

Опис

Овој сладок носорог е оригинален, мек и мултифункционален извор на забава и учење за љубопитните мали деца. Има форма на шармантен носорог полн со изненадувања, изработен од материјали со различни дезени и текстури. Играчката може да се рашири како книга. Внатре, меѓу егзотичната вегетација на џунглата, од едната страна има симпатичен, кадифен, отстранлив пајак, на растеглива, вибрирачка лента, а од другата страна – лавот Џек, со бујна грива и глава во форма на флексибилно, безбедно огледало.

Мариус има мали, испакнати уши и мек рог што свири како труба кога ќе се притисне. Предната половина шушка, а внатре има скриено ѕвонче. Носорогот во шепите држи обрач што служи како глодалка, а од страната има врвка со дрвено топче за лизгање.

Играчката е цврсто изработена и безбедна. Таа постојано изненадува и ја поттикнува детската имагинација. Помага во развојот на фините моторни вештини (фаќање, тресење, вметнување, извлекување, движење), го активира сетилото за слух (шушкање, штракање и други звуци), видот и допирот. Исто така, помага да се забележат некои причинско-последични односи,а благодарение на глодалката– ќе донесе олеснување во тешкиот период на никнување на забите.

За возраст од 9 месеци и понатаму
Помага во развојот на видот и слухот
Моторичките вештини и координацијата
Проникливоста, љубопитноста и фантазијата

Димензии: 14,5×14,5cm
Одржување: Се чисти само површината.
Материјал: полиестер и полиетилен (глодалката)