Нема на залиха

Мемо игра со допирање – Janod

1,590.00ден

Нема на залиха

Опис

Содржи 21 дрвена форма, 1 платнена торбичка и 5 картички. Се игра на тој начин што играчот ја става раката во торбичката и се обидува со помош на допир да ги препознае четирите форми коишто се илустрирани на неговата картичка. Победник е тој што прв ќе ја пополни неговата картичка. Но, внимавајте на „трик“ парчето! Играчот што ќе ја извлече коската треба да ги врати во торбичката сите форми што претходно ги имал наредено на својата картичка.

Помалите дечиња можат да играат на тој начин што само ќе извлекуваат форми од торбичката и ќе се обидат да препознаат дали извлечената форма ја има и на картичката.

Може да ја играат 2-5 играчи.

Димензии: 27.8 x 3.5 x 20.3 cm
Материјал: Дрво
Возраст: 3-6