Нема на залиха

Сет Електрична Пумпица Portable + Влошки и Марамици за Гради – Chicco

6,950.00ден

Нема на залиха

Опис

Пренослива електрична пумпа за гради Chicco е совршено решение за новите мајки што им овозможува ефикасно и со најголема леснотија да го измолзат и складираат млекото за нивното бебе во моменти кога тие не се наоколу.
Дизајнирана со технологија за употреба во две фази, т.е. стимулација и измолзување – почетна фаза на стимулација со кратки и чести вшмукувања, проследена со втора фаза на измолзување со подолги и поретки вшмукувања за да се имитира природната шема на цицање на бебето.
Нежна и удобна: ергономски дизајнираната чашка со мека силиконска обвивка нежно се лепи и обезбедува мек контакт на кожата на дојката за удобно извлекување.
Лесно, практично и ефикасно: има 5 различни нивоа на интензитет и во режим на стимулација и во измолзување, така што можете да го изберете нивото што најмногу ви одговара, нудејќи персонализирано искуство.
Тивкa, лесно и компактно: со тивок мотор за дискретно искуство. Многу е лесна, лесно се вклопува во нормална торба и може да се носи насекаде.
Вклучен е USB полнач, кој едноставн о може да го приклучите во компјутер и да го носите секаде со вас.

ВЛОШКИ ЗА ГРАДИ 30 ПАР.
АНТИБАКТЕРИСКИ ВЛАКНА
– се избегнува ширењето на бактерии на кожата на градите, заштитува од иритирање и рагади
– ги зачувува градите во идеални хигиенски услови и го потпомага излекувањето.
– антибактериските молекули не се пренесуваат на кожата на градите, и со самото тоа не доаѓа во контакт со устата на бебето.
МАКСИМАЛНО ПРОВЕТРУВАЊЕ
Внатрешниот двоен слој од материјал што дише овозможува проветрување на брадавиците и кожата и заштитува од иритирање.
СУПЕР АПСОРБЦИЈА
Супер абсорбирачки микро-перли ја задржуваат течноста и заштитуваат од истекување на површината.
ТЕСТИРАНО ВО КЛИНИКА ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА
Клиничките тестирања направени во Клиниката Мангиагали во Милано покажаа дека со употребата на антибактериски влошки се избегнуваат иритирање,рагади и маститис.
АНТИБАКТЕРИСКА ЗАШТИТНИ ВЛОШКИ ЗА ГРАДИ ПРИРОДНО ЧУВСТВО
За време на доењето, а посебно за време на најделикатната,почетната фаза, се избегнуваат иритацијата на градите и рагадите, кои може да направат доењето да биде отежнато и болно, бара посебна заштита и хигиена.
Антибактериските заштитни влошки за гради нудат максимална безбедност за време на посебниот период на доењето.
Специјалните антибактериски влакна штитат од ширење на бактерии внатре во чашката, правејки соодветна механичка бариера за заштита на градите.
Супер абсорбирачки микро-перли ја задржуваат течноста и заштитуваат од истекување на површината, секогаш задржувајќи ја кожата сува. Внатрешниот проветрувачки слој овозможува кожата да дише и спречува иритација. Посебно тенкиот слој прави влошките да бидат невидливи под облеката. Практичните самолепливи ленти и анатомската форма ги задржуваат влошките на место додека не се отсранат.

ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ ЗА ГРАДИ
Ја навлажнуваат и ја штитатат кожата. Содржат витамин Е и глицерин кои ја хидрираат кожата. Содржат активен пробиотик кој ја штити и ја јакне добрата микрофлора за заштита, безбедност и ефикасност.
Може да се употребуваат и пред и после доење. Абсолутно без вкус, нема потреба од измивање пред доење.
0% парабени, феноксиетанол, алкохол и мирис.