Нема на залиха

Сортирач За Форми Крокодил Тропик – Janod

1,890.00ден

Нема на залиха

Опис

Овој гладен крокодил бара различни облици за да се нагости! Покрај тоа што со оваа играчка ќе се забавуваат, децата ќе ги учат формите, вметнувајќи ги осумте дрвени блокчиња во соодветните отвори, ќе се запознаат со боите и ќе ја развиваат фината моторика и координацијата.

Откако нашиот пријател крокодил добро ќе се најаде, можете да ја отворите неговата уста, за да ги извадите блокчињата (магнетен отвор). За неговиот оброк да биде потивок, внатрешната страна на кутијата е покриена со филц, што го стишува тропкањето што го создаваат облиците кога паѓаат.

Димензии: 27 x 10,9 x 8,8 cm

Направено од дрво од одржливо управувани шуми (со FSC® сертификат) и боја на база на вода.