На залиха во главен магацин

Спирала Со Активности Шума – Lilliputiens

2,490.00ден

Опис

Оваа повеќефункционална мека спирала е совршена играчка за бебињата. Има изглед на слатката срничка Стела, којашто може да се намести на количката, на носачот за бебиња, на седиште за автомобил, или на оградата на креветчето. На неа има 3 додатоци: дрвена тропалка со изглед на лисица, птичка со безбедно, флексибилно огледалце и ѕвонче со ликот на змејчето Џо.

Изработена е од материјали со различни текстури и дезени, бледо розово крзно и мазна ткаенина со фин цветен принт. Има дополнително стимулирачки сензорни испакнати уши, рогови и кафени шепи. Играчката е цврсто изработена и потполно безбедна за најмалите.

За возраст од 3 месеци и понатаму
Помага во развојот на моторичките вештини и координацијата
Проникливоста, љубопитноста и фантазијата
Ги активира сетилата за вид и допир

Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните! Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.

 

Димензии: 21 x 11 x 8 cm

 

Може да ви се допаѓа и…