На залиха

Столче за хранење Polly Progress 5 Grey 4 тркала 0М+ – Chicco

12,190.00ден

Опис

Столче за хранење Polly Progress 5 4 тркала 0М+ CHICCO

Од раѓање со максимално легнување на лежиштето, па се до бустер столче кое се поставува на трпезариски стол. Од раѓање до 3 години.
Polly Progres5 на Chicco е столче за хранење со висинско подесување кое го следи детето во растот од раѓање до 3 години, благодарение на 5 различни конфигурации.
Опција да се користи од раѓање, па столче за хранење со висинско подесување, се до бустер столче, се во еден производ.

5 во 1
Единствено столче за хранење со висинско подесување кое може да се модифицира во бустер столче за хранење, за да го следи Вашето дете во текот на оброците, во секоја фаза од растот.

Компактно затворање
Ултра компактно кога е затворено, стои на самата конструкција. Послужавникот може да се закачи на задните ногалки.

Патент
Благодарение на револуционерниот патент систем, лесно може да се адаптира навлаката која ќе расте заедно со Вашето дете.

Предни тркала
Благодарение на предните тркала, лесно се поместува Polly Progres5 насекаде низ домот, без да се намали безбедноста на Вашето бебе.

Послужавник кој се прилагодува и дупли послужавник кој се мие во машина за садови
Послужавникот може да се регулира во 4 различни позиции, а дуплиот горен послужавник може да се мие во машина за садови.

8 степени на висинско подесување
Сосема едноставно подесување на саканата висинска позиција, на само 2 копчиња.

4 позиции на подесување на лежиштето
Максимум удобност почнувајќи од 0м+.

Возраст: од 0м+
Максимална тежина: до 30 кг ( до 15 кг како висинско столче за хранење, од 15 – 30 кг како бустер столче).