На попуст!
На залиха во главен магацин

Столица За Хранење Polly 2 Start Foxy 4 Тркала – Chicco

8,990.00ден

SKU: 67 / 792056700 Категории ,

Опис

POLLY 2 START е дизајнирано да се прилагоди спрема растот на Вашето бебе и е погодно од раѓање до максимум 15 кг тежина (приближно до 3 години).

Карактеристики и придобивки на столче за хранење на Chicco POLLY 2 START
– Столче за хранење погодно од раѓање до 15 кг (приближно до 3 години)
– Забавен дизајн со апликација на пиле
– Потпирач за грбот прилагодлив во ширина
– Удобно, поставено седиште од материјал кој има можност да се брише
– 4 позиции на инклинирање на седиштето
– 3 позиции на подесување на потпирачот за нозете
– Висинско подесување во 8 нивоа
– 4 позиции на подесување на послужавникот кој е двоен и може да се отстранува
– Практични предни тркала за лесно поместување
– Лесен, ултра- компактен дизајн на затворање за едноставно складирање
– Димензии: висина 100 x ширина 54,8 x должина 31 см

Сакате да дознаете нешто повеќе?
Со забавен дизајн со апликација на пиленце, тигарче или слонче, потпирачот за грбот на ова столче за хранење POLLY 2 START е прилагодливо и овозможува да се промени ширината за да го прати Вашето малечко во растот. Погодно од раѓање, удобно, поставено седиште кое се подесува во 4 позиции и потпирач за ножињата кој се прилагодува во 3 степени, или се отстранува целосно за да може секогаш да седи удобно.
Висината на столчето за хранење може да се прилагоди во 8 позиции овозможувајќи му на детето да седи удобно на маса на било која висина, за да се приклучи на семејството за време на јадењето што е важно за неговиот социјален развој. Простран послужавник со 4 позиции кој е совршен за играње и за хранење, како и дел кој може лесно да се отстрани (дупли послужавник) или да се користи на масата.
Преместувањето на POLLY 2 START наоколу е лесно благодарение на предните тркала, а кога не е во употреба лесно се собира и е ултра- компактно за складирање.