Опис
Време e за спиење! Ќе ѝ помогнеш ли на срничката Стела да се подготви за во кревет?
Оваа играчка е совршена за малите дечиња што сакаат да ги имитираат возрасните. Тие можат да ги прават со срничката сите активности пред спиење: да ја стават на нокширчето, да ѝ ги облечат пелената и пиџамата, да ја стават во нејзиното удобно креветче да спие заедно зајчето играчка и да ѝ прочитаат приказна.
Откако таа ќе „заспие“ и ќе го изгасите светлото, фосфоресцентната месечина, којашто е извезана на играчката, ќе продолжи да свети во мракот и ќе му помогне на вашето малечко да заспие.
Играњето со овој убав комплет го олеснува времето пред спиење со додавање на рутински и забавни активности.
Сите елементи се совршено доработени, со внимание на секој детаљ и се целосно безбедни.
За возраст од 2 години и понатаму
Помага во развојот на проникливоста, љубопитноста и фантазијата