Како да изберете трамболина за деца
Големината на трамболината се избира според просторот и возраста на децата. За помал двор или тераса доволна е мини трамболина од 91 до 140 cm, наменета за помали деца. За поголеми деца и повеќе скокачи подобро е трамболина од 183 cm (6ft), 244 cm (8ft) или 305 cm (10ft). Пред купување измерете го просторот и оставете најмалку по еден метар слободно место околу трамболината.
Безбедност пред сè
Секоја трамболина за двор треба да има заштитна мрежа и покриени федери, за детето да не падне надвор и да не се удри во рамката. Децата треба да скокаат едно по едно и секогаш под надзор на возрасен. Трамболината поставете ја на рамна трева, а не на бетон или плочки.
Резервни делови за трамболина
Мрежата, подлогата за скокање и федерите со време се трошат од сонцето и дождот. Затоа кај нас можете посебно да купите заштитна мрежа, подлога за скокање и сет федери за трамболини од 6ft, 8ft и 10ft, без да ја менувате целата трамболина.
Често поставувани прашања
Од која возраст детето може да скока на трамболина?
Мини трамболините се за деца од околу 3 години, а големите трамболини за двор се препорачуваат за деца над 6 години.
Дали трамболината може да остане надвор во зима?
Подобро е мрежата и подлогата да се тргнат и да се чуваат на суво место, за да траат подолго.