Каква лизгалка да изберете
За деца од 1 до 3 години најдобри се мали лизгалки со две до три скалички и широки рачки, кои можат да стојат и во станот. За поголеми деца има лизгалки со подолга рампа, повеќе скалички и брановидна површина. Комплетите со лизгалка, лулашка и куќичка се цело игралиште за двор.
Безбедност и поставување
Лизгалката поставете ја на рамна површина, на трева или мека подлога, подалеку од ѕидови и огради. Пред секоја сезона проверете дали сите делови се добро споени. Пластичните лизгалки не ржосуваат, лесно се мијат и издржуваат сонце и дожд.
Често поставувано прашање
Дали лизгалката може да стои надвор цела година?
Може, но ќе трае подолго ако во зима ја чувате во гаража или подрум.