Опис
РЕАЛИСТИЧНА ТРКАЧКА ПАТЕКА: Сетот вклучува детална зграда, два тркачки автомобили, воз со два вагони, две фигурини, осум закривени и пет прави делови за патеката, три алатки за одржување, две знамиња, скали и пет шини.
ЦЕЛОСНО ИСКУСТВО: Оваа тркачка патека е одлична за поттикнување на креативноста и стимулирање на фантазијата, нудејќи многу можности за раскажување приказни.
РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ: Помогнете му на вашето дете да ги развие социјалните и моторичките вештини, додека ужива во играњето со оваа прекрасна патека за трки.
ИГРАЈТЕ ИНДИВИДУАЛНО ИЛИ КОМБАНИРАЈТЕ: Може да се конструира како што е прикажано на фотографиите, но и да се комбинира со други сетови со возови и шини.
БЕЗБЕДНА ИГРА: Издржлива и безбедна за децата, оваа играчка е направена од дрво и од еколошка растителна пластика, изработена од шеќерна трска.
Димензии на производот: 64 x 12 x 60 cm
Hape е еден од најголемите светски производители на дрвени играчки. Тие се водат од идејата дека иднината им припаѓа на нашите деца и создава играчки кои инспирираат игра, учење и истражување на светот во кој живееме. Сите производи ги исполнуваат, и почесто, ги надминуваат најстрогите меѓународни стандарди за квалитет и безбедност.
Внимание! Содржи ситни делови. Не е соодветно за деца помали од 3 години. Се препорачува првото составување да го направи возрасен, за да ја провери исправноста на играчката. Оваа играчка ги задоволува стандардите за безбедност на ЕУ (EN74) и на САД (ASTMF963).