Опис
За возраст: од 4 години
Димензии: 17.8 x 8.1 cm
Материјал: Дрво/Wood
Оваа многу забавна игра од дрво се состои од делче во форма на месечина, 18 блокчиња со цилиндрична форма обоени во 6 различни бои и коцка за фрлање на којашто се прикажани истите 6 бои. Се игра на тој начин што најпрвин се поставува месечината без дрвени блокчиња на неа, потоа се фрла коцката за да се одреди бојата, а потоа на месечината треба да се постави блокчето со таа боја.
На месечината треба да се постават што е можно повеќе блокчиња без таа да ја загуби рамнотежата и да се преврти.