
Количка Трио Alysia Pirate Black - Chicco
Шифра: 794574200
52.990,00ден
Зошто родителите ја избираат оваа количка?
Секојдневни прошетки без стрес ❤
Удобност за бебето
Лесна за склопување!
BLACK NOVEMBER
Најголемите попусти во годината! Погледнете ги сите производи на попуст цел ноември.
Погледни попусти →
Како да ја одберете вистинската количка?
Како да нарачате?
Совршена комбинација на елеганција, функционалност и дизајн, Trio Alysia на Chicco е идеална за сите ситуации и за во сите сезони. Се користи од раѓање до 36 месеци. Количката, корпата и автомобилското седиште Kiros i-Size се издвојуваат по своите иновативни и уникатни карактеристики. Лесниот систем за склопување само со една рака и ширината на рамката на количката,само 50 см, им гарантираат на родителите максимална подвижност во секоја ситуација.Добра амортизација,со помали предни тркала за подобро маневрирање и задни поголеми тркала кои даваат дополнителна стабилност. Количката е со реверзибилно седиште и е целосно опремена да ги задоволи сите потреби,без разлика дали е топло или ладно. Има зимска прекривка а потпирачот за грб е направен од мрежест материјал за да се обезбеди добра циркулација на воздухот за во летниот период. Alysia е решението за родителите кои имаат приоритет на удобноста, леснотијата и стилот. Корпата може да се користи од раѓањето на бебето до 9 килограми или околу 6 месеци. Има водоотпорна тенда со заштита од УВ50+ зраци и мрежесто прозорче кое обезбедува одлична циркулација на воздухот. Дното на корпата се подесува без да се разбуди бебето, идеална е за спречување на рефлукс на бебето. Има ергономска рачка за лесно пренесување. Може да се постави во автомобил(со специјалните додатоци кои се вклучени)и на рамката од количката. Димензии: 84 х 44 х 64 см Тежина: 4,4 кг Седиштето за автомобил Chicco Kiros i-Size е наменето од 0 до 13 кг или од 40 см до 78 см. Лесно за инсталирање, исто така може да се постави и на база (се продава одделно) опремена со системот Isofix. Ова седиште е за родителите кои бараат безбедно и удобно решение за своето бебе. Се поставува со еден клик на рамката на количката. Опремено е со безбедносниот систем Bbecare: сензори што даваат сигнал кога бебето се отстрани од седиштето. Направено е од лесен и удобен материјал кој ја штити кожата на Вашето дете. Димензии: 63 х 42,5 х 60 см Тежина: 4,2 кг