Брза достава низ цела Македонија
Плаќање онлајн со картичка
Поддршка: пон-пет 10-19, саб 10-15 | 077 530 020
СРЕЌНО ДЕТСТВО, ПОБЛИСКУ ДО ВАС! ❤ Пребарај производи, категории, брендови...

Кревети

Првото креветче е важна одлука за секој родител. Кај нас има креветчиња што се прикачуваат до вашиот кревет, како Chicco Next2Me, класични и преносни креветчиња за патување, од Chicco, Moni и Chipolino.

Достава за 1-5 работни дена • Плаќање онлајн со картичка
Потребна Ви е помош при избор? Јавете се на 077 530 020, пон-пет 10:00-19:00, сабота 10:00-15:00.

Видови креветчиња

Креветчињата до кревет се прикачуваат на вашиот кревет со отворена страна, па бебето е на дофат на рака, а сепак спие на свој безбеден простор. Класичните креветчиња се поголеми и траат подолго, често со дно што се спушта како детето расте. Преносните креветчиња се преклопуваат и носат во торба.

Безбедно спиење

Бебето нека спие на грб, на цврст душек, без перници, играчки и ќебиња во креветчето. Собата нека е проветрена, со температура околу 20 степени.