Опис
Секое малечко со нетрпение го очекува својот роденден. А прославата не би била иста без одлична торта, нели? Ајде да почнеме со подготовките за прекрасниот празник уште сега!
Ви ја претставуваме најубавата торта што ќе ги воодушеви и децата и нивните родители. Дрвената играчка е прекрасно украсена, многу шарена, интересна и изгледа како вистинска торта со цреши. Доаѓа со свеќички и броеви во различни бои за да го прославите роденденот на вашето мало богатство.
Тортата има 8 дрвени парчиња, послужавник и шпатула за сервирање на исечените парчиња.
Парчињата се склопуваат и расклопуваат многу лесно, а активностите со дрвената торта го развиваат логичкото размислување, креативноста и социјалните вештини на детето.
Оваа оригинална играчка е одличен избор за подарок, како за роденден, така и за секоја пригода.
Направена е од висококвалитетни и безбедни материјали, со многу внимание и љубов кон најмалите.














