Изјавата за приватност за користење на веб страната
Оваа Изјава за приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кој се собрани при процесот на регистрација на Клиентите на интернет страницата https://topolino.mk/ за добивање на услуга на онлајн купување на производи од друштвото.
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје, како давател на услугите на интернет страницата https://topolino.mk/ се придржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Клиенти односно Корисници, а особено на Законот за заштита на личните податоци.
Во оваа Изјава е опишано како контролорот на податоци Друштво за трговија на мало со производи преку интернет ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Даме Груев бр. 3/6, градски ѕид, блок 2, мезанин Скопје, со ембс: 7451350 (во понатамошниот текст: ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје) ги обработува личните податоци.
Купувачите кои се приматели на услугите (во понатамошниот текст: Клиенти) се упатуваат на интернет страницата www.topolino.mk , да прочитаат се што е наведено во оваа политика со цел да бидат информирани кои податоци се собираат и обработуваат од страната на контролорот, за кои цели, врз основа на кои законски основи, со кого истите се споделуваат, кои заштитни мерки се спроведуваат, како и кои се Вашите права поврзани со пристапот до личните податоцим корекција, бришење и Вашето право на приговор.
Со прифаќање на оваа Изјава за приватност и со кликнување на формата за регистрација на корисникот на интернет страницата, односно за регистрација на картичката за лојалност, Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци утврдени со оваа Изјава на приватност.
СОДРЖИНА
1) Идентитетот и контакт податоците на контролорот.
2) Офицерот за заштита на личните податоци;.
3) Целите на обработката за коишто личните податоци се наменети..
4) Правната основа за обработката.
5) Корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има.
7) Обработка на личните податоци за време на процесот на плаќање со кредитна или дебитна картичка.
8) Пренос на лични податоци во трета земја или меѓународна организација.
9) Временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци.
12) Информација за обврската за давање лични податоци.
13) Автоматизиран процес на одлучување.
14) Категориите на лични податоци.
15) Законитост на обработката на личните податоци..
16) Извор на личните податоци и доколку е применливо, дали податоците се од јавно достапни извори
17) Податоци за контакт со ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје и Офицерот за заштита на лични податоци..
18) Политика за користење на „колачиња“.
19) Измени на изјавата за приватност. 8
1) Идентитетот и контакт податоците на контролорот
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје, во рамките на својот делокруг на работење, при вршењето на дејноста врши собирање, чување и обработка на лични податоци, поради што се јавува во улога на Контролор на лични податоци.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.
За обработка на личните податоци ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје има воспоставено систем за заштита на лични податоци, кој опфаќа соодветни технички и организациски мерки за обезбедување ниво на безбедност и кој е разработен преку повеќе интерни акти.
Секој клиент или корисник, кој има било какви прашања поврзани со заштитата на личните податоци, истите може да ги испрати преку електонска пошта на следната електронска адреса: info@topolino.mk
2) Офицерот за заштита на личните податоци;
Офицер за заштита на лични податоци во ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје е лицето Милена Димишковска.
За дополнителни информации и/или остварување на права за заштита на лични податоци, субјектите на лични податоци може да го контактираат Офицерoт за заштита на лични податоци на следната емаил адреса info@topolino.mk или на следниот телефонски број: 077 530 020.
3) Целите на обработката за коишто личните податоци се наменети
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје собира и врши обработка на лични податоци со цел успешно извршување на:
- постапката за воспоставување на соработка со субјектот на лични податоци, како корисник на интернет услугите кои ги нуди контролорот ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје.
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје собира, чува, обработува и користи лични податоци за своите корисници, кои што тие ги даваат во контекст на остварување на деловен однос со Друштвото, за да може да примат одредена услуга од друштвото.
Без овие податоци ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје нема да може да воспостави соработка со субјектот на лични податоци- како корисник.
4) Правната основа за обработката
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје врши обработка на личните податоци во согласност со законските основи за вршење на истата, и тоа следните:
- Обработка врз основа на согласност
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје е, по правило, врши обработка на личните податоци врз основа на претходно добиена согласност од субјектот на лични податоци за една или повеќе конкретни цели.
Оваа основа за обработка на лични податоци се користи кога потпишувате Изјава за согласност за обработка на Вашите лични податоци од страна на Друштвото.
- Обработка потребна за исполнување на законска обврска
Личните податоци во ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје може да се обработуваат во согласност со закон, за конкретни, јасни и со закон утврдени цели, а заради исполнување на законски обврски на Друштвото.
Оваа основа се користи особено во случај на закана по здравјето или животот на вработениот или клиентот.
5) Корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има
Вашите лични податоци не ги даваме на корисници и во иднина може да дадеме лични податоци на корисник само доколку е потребно во конкретен случај, а врз основа на писмено барање од корисникот и доколку тој корисник согласно со закон е овластен да ги обработува и само во време кое е неопходно за остварувањето на конкретната цел предвидена со закон, а за што сме должни да водиме Евиденција.
Лични податоци може да се откријат на надлежни органи во земјата кои се овластени да собираат такви податоци, на пример: Агенција за вработување, Управа за јавни приходи, Државен инспекторат за труд итн.) вклучувајќи и органи на прогон, извршители, судови итн.
6) Обработувач
Друштвото има ангажирано надворешни обработувачи, и тоа:
- за процесот на плаќање со кредитна или дебитна картичка – ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, контакт телефон: +389 23287503.
Обработувачите се должни да ги обработуваат личните податоци, кои може да им бидат откриени, само согласно склучен Договор за обработка со Друштвото, односно согласно документирани упатства од контролорот и со примена на технички и организациски мерки за заштита и безбедност на личните податоци.
7) Обработка на личните податоци за време на процесот на плаќање со кредитна или дебитна картичка
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје, за време на плаќање на интернет страницата, како услов за плаќање на производите и услугите со кредитни или дебитни картички, бара дозвола од Клиентот да го активира процесот на плаќање преку компанијата ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, како давател на услуги за процесирање и наплата преку (кредитни или дебитни) картички, договорен партнер на ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје и обработувач на личните податоци.
За таа цел, личните податоци на клиентот и тоа: име и презиме на клиентот и податоците од картичката на клиентот, се привремено зачувани кај ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, кој ги чува овие податоци во согласност со сертификацијата за PCI DSS, највисоко ниво на заштита и доверливост. Клиентот го активира процесот на обработка и плаќање преку картичка со потврда (кликнување) на линкот “плати”.
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје во ниту еден момент не располага, не ги собира или обработува личните податоци внесени заради процесирање и наплата со картичка. Ги советуваме Клиентите да се информираат за обработката на личните податоци од страната на ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје на интернет страницата на која се одвива процесот за плаќање или преку следниот контакт +389 23287503.
8) Пренос на лични податоци во трета земја или меѓународна организација
Друштвото не врши пренос на лични податоци во трета земја или меѓународно организација.
Доколку врши пренос, таквиот пренос треба да е уредно пријавен во Агенцијата за заштита на лични податоци, согласно законските одредби.
9) Временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци
Податоците кои ги собира Друштвото се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Податоците за клиентите се чуваат не подолго од она што е потребно за целите поради кои биле собрани и обработени личните податоци односно целосно завршување на одредена работа или давање на одредена услуга.
При што, Друштвото укажува дека за одредени категории на лични податоци постојат определени рокови на чување предвидени со применливи закони.
10) Права на субјектите
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје им гарантира на субјектите на лични податоци дека имаат право на пристап, исправка, бришење на неговите/нејзините лични податоци, ограничување на обработката, право на приговор за обработката, право на преносливост на податоците, како и право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, под условите предвидени во ЗЗЛП. Субјектот на лични податоци исто така има право да поднесе барање во врска своите права за лични податоци до АЗЛП.
11) Повлекување согласност
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје известува дека кога основата за обработка на лични податоци е дадена согласност од субјектот на лични податоци, истиот има право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
Повлекување на согласноста може да направите на следната електронска адреса: info@topolino,.mk во секое време или со доставување на повлекување на согласноста на адресата на седиштето на нашата фирма, односно на ул. ул. Даме Груев бр. 3/6, градски ѕид, блок 2, мезанин Скопје.
12) Информација за обврската за давање лични податоци
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје во зависност од воспоставениот однос со него, го известува субјектот дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени;
13) Автоматизиран процес на одлучување
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје не врши автоматизиран процес на одлучување, но во случај на постоење на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето како и во оние случаи кога е вклучена значајна информација за логички поврзаните процеси на обработка, има обврска да го извести субјејктот на личните податоци, како и за значењето и предвидените последици од таквата обработка за субјектот на личните податоци.
14) Категориите на лични податоци
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје ги собира и ги обработува следните категории на податоци
- вршење онлајн – продажба и регистрација на веб страната на друштвото на физички лица-клиенти на друштвото
- Име и презиме;
- контакт телефон;
- емаил адреса/електронско сандаче;
- адреса за вршење на достава (улица, број, населено место)
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци само врз основа на слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислено изјавена волја на корисникот.
По исклучок, обработка на посебните категории на лични податоци може да се врши во ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје само ако е во согласност со членот 13 став 2 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци.
15) Законитост на обработката на личните податоци
Податоци кои се обработуваат | Цели на обработка на лични податоци | Основ за обработка на посебна категорија на лични податоци |
Податоци за физички лица – клиенти на друштвото | Заради вршење на онлајн – продажба и апликација на веб страната на друштвото | 1. Согласност на субјектот на лични податоци (согласно член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на лични податоци) |
16) Извор на личните податоци и доколку е применливо, дали податоците се од јавно достапни извори
ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје собира лични податоци директно од субјектот на лични податоци, а во спротивно има обврска на барање на субјектот да го извести за изворот на личните податоци.
17) Податоци за контакт со ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје и Офицерот за заштита на лични податоци
Во случај на какви било прашања, поплаки и други прашања поврзани со приватноста на податоците, како и за остварување на правата на субјектот на личните податоци, субјектот на лични податоци може да контактира со Друштвото и неговиот офицер за заштита на лични податоци преку е-пошта, како наведено во точка 1 и 2 од оваа Изјава за приватност.
18) Политика за користење на „колачиња“
Колачињата и другите технологии за следење можат да се користат на интернет страницата www.topolino.mk на различни начини за различни цели како на пример: да функционира интернет страницата www.topolino.mk за анализа на сообраќајот или за маркетинг цели.
Што е „колаче“?
„Колаче“ (eng. Cookie) е податок со мала големина што интернет страницата ја складира на компјутерот или мобилниот уред на посетителот. Колачето овозможува интернет страницата да ги „запомни“ постапките на посетителите од претходните посети. Повеќето прелистувачи дозволуваат употреба на колачиња, но корисникот може да ги избрише во секое време или да постави забрана за чување во својот пребарувач. Најчестите причини за користење на колачиња се: идентификување на посетители, запомнување на специфични кориснички преференци, помагање во внесување на информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, собирање податоци за анализа и промотивни кампањи.
Класифицирање на колачиња:
1. „Привремени колачиња“ (англиски: „Session cookies“) – се зачувуваат на вашиот компјутер и потоа автоматски се бришат кога ќе го затворите пребарувачот. Тие овозможуваат интернет страницата да добие привремени информации, како што се коментари или статус на кошничката за купување.
2. „Трајни колачи“ (англиски: „Persistent cookies“) – Тие остануваат во вашиот пребарувач дури и по затворање и обично имаат датум на истекување. Веб страната www.topolino.mk користи постојани колачиња за да го олесни пристапот на регистрираните корисници. Тие складираат информации како корисничко име и лозинка, што ви овозможува да ја користите функцијата „запамeти ме“ при најавување, за да не мора да ги внесувате вашето корисничко име и лозинка секој пат кога ќе ја посетите www.topolino.mk.
3. „Колачиња од прва страна“ – тие доаѓаат од интернет страницата што сте ја посетиле и можат да бидат привремени или трајни. Тие им овозможуваат на интернет страниците да ги зачувуваат податоците користени кога корисникот повторно ја посетува интернет страницата.
4. „Колачиња од трета страна“ – Постојат неколку надворешни сервиси кои складираат ограничени колачиња за корисникот (Facebook, Instagram, Google Analytics и AdWords).
Овие колачиња не се поставени од страна на www.topolino.mk и најчесто служат како помош при толкување на однесувањето на корисникот и за маркетинг цели.
Достапни опции за корисниците
Во поставките на пребарувачот, како што се Internet Explorer, Safari, Firefox или Chrome, можете да наведете кои колачиња сакате да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Каде можете да ги најдете поставките, зависи од типот на пребарувачот. Користете ја опцијата „помош“ во пребарувачот за да ги пронајдете потребните поставки.
Доколку изберете опција дека не сакате да прифаќате одредени колачиња, можеби нема да можете да користите одредени функции на интернет страницата www.topolino.mk.
19) Измени на изјавата за приватност
Оваа Изјава за приватност на ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје, може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст на Изјавата за приватност на интернет страницата на друштвото. Затоа ТОПОЛИНО ВЕБ ДООЕЛ Скопје ги советува корисниците периодично да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност, што ќе укаже на нови промени, доколку ги има. Доколку корисникот и купувачот не се согласуваат со оваа Изјава за приватност, ги советуваме да заминат и да не пристапуваат и ја користат интернет страницата www.topolino.mk . Промената на Изјавата за приватност стапува на сила веднаш по објавувањето на интернет страницата www.topolino.mk. Продолжување на користење на интернет страницата www.topolino.mk од страна на kорисникот, по стапувањето во сила на промената подразбира дека корисникот ги потврдува и прифаќа промените во Изјавата за приватност.