Опис
Новата количка Jungle Cruze 2 во 1 претставува модерен и практичен избор за современите родители, комбинирајќи елегантен дизајн, удобност и функционалност во едно. Изработена е со лесна алуминиумска рамка, која овозможува едноставно управување, лесно носење и практично секојдневно користење.
Количката е наменета за деца на возраст од 6 до 48 месеци, со максимална носивост до 22 kg, додека во комбинација со седиштето може да се користи уште од самото раѓање.
Седиштето може лесно да се ротира, овозможувајќи бебето да биде поставено свртено кон родителот или кон правецот на движење.За максимална сигурност, детето се прицврстува со сигурносни појаси во 5 точки, а дополнителната заштитна пречка лесно се отстранува по потреба.
Предните ротирачки и задните фиксни тркала се изработени од гума и обезбедуваат стабилно и удобно движење на различни површини.Амортизерите поставени на сите четири тркала, како и на самата рамка, овозможуваат дополнителна удобност и помирно возење за бебето.
Наслонот се прилагодува во повеќе позиции, овозможувајќи идеална положба за седење или одмор, додека големата тенда составена од три дела обезбедува одлична заштита од сонце и надворешни влијанија. И потпирачот за нозе може да се прилагоди според потребите на детето.
Рачката за управување е прилагодлива по висина, што овозможува дополнителна удобност за родителите при користење.
Транспотерот може безбедно да се постави во автомобил со помош на сигурносен појас и предвидените отвори.Поседува мека подлога која обезбедува дополнителна удобност, како и сигурносен систем за прицврстување во 3 точки. Монтажата на рамката е брза и едноставна, благодарение на практичниот „клик“ систем.Кочницата се активира со едно движење, а тркалата можат да се фиксираат за поголема стабилност и безбедност.
Дополнително, количката располага со практична корпа за складирање и купување со носивост до 3 kg.
Технички карактеристики:
Возраст: 6–48 месеци
Максимална носивост: до 22 kg
Можност за користење од раѓање со седиште
Ротирачко седиште
Сигурносни појаси во 5 точки
Амортизери на сите тркала и рамката
Прилагодлив наслон и потпирач за нозе
Голема тенда од 3 дела
Прилагодлива рачка по висина
Гумени тркала со можност за фиксирање
Корпа за складирање до 3 kg
Димензии на расклопена количка: 109 х 75 х 62,5 cm
Димензии на склопена количка: 71 х 53 cm
Тежина: 9,30 kg




















