На попуст!
Нема на залиха

Кујна од дрво Твист – Janod

10,690.00ден

Нема на залиха

Опис

Оваа двострана кујна што се отвора е идеална за подготовка на вкусни оброци за неколку луѓе. Направена е од дрво и декорирана со убави илустрации. Доколку ви треба малку повеќе простор во кујната, едноставно отворете ја и зголемете ги можностите за играње. Со неа децата ќе бидат слободни да создаваат бројни оригинални јадења и забавни ситуации, благодарение и на кујната и на на машината за перење!

Опремена е со метален мијалник, дрвена чешма и индукциска плоча со звук и светло. Едноставно, притиснете ги црвените копчиња еднаш за да се осветлат ринглите, а потоа вторпат за да го слушнете звукот на водата што врие. Звучните и светлосните ефекти автоматски ќе се исклучат по 30 секунди, или кога копчињата ќе се притиснат по трет пат. За да ги вклучите рерната и машината за перење, само свртете ги две ротирачки копчиња со звучни ефекти. Вратите се магнетни, а проѕирното стакло ви овозможува да бидете сигурни дека машината за перење дефинитивно завршила со работа! Четирите лизгачки врати и двата дополнителни плакари во внатрешноста, се иделани за чување на приборот и на другите додатоци. Оваа прекрасна детска кујна со цветен дезен доаѓа со вкупно 8 додатоци.

Залепете ги шестеле лепенки од филц под ногарките, за да може лесно да се отвора и затвора кујната со лизгање. Кога е затворена, таа е со димензии 55 x 47 x 87 cm.