Нема на залиха

Мека Развојна Играчка Со Активности Гладниот Тукан – Lilliputiens

2,590.00ден

Нема на залиха

Опис

Оваа развојна играчка е оригинален, мек и мултифункционален извор на забава и учење за љубопитните мали деца.

Има форма на шармантен тукан полн со изненадувања, изработен од материјали со различни дезени и текстури. Во неговиот импресивен клун е скриено ѕвонче, а неговите крилја прават шушкав звук. Комплетот содржи и три мали плишени играчки – пеперутка со крцкав звук, слатко бушаво пајаче со безбедно огледало на неговиот стомак и парче лубеница со вградено нежно ѕвонче и силиконска глодалка.

Со нив може да се „нахрани“ туканот со ставање во неговиот клун, од каде што паѓаат во неговиот голем заоблен стомак, а таму се видливи благодарение на сошиената мрежа.

Играчката е цврсто изработена и безбедна. Таа постојано изненадува и ја поттикнува детската имагинација. Помага во развојот на фините моторни вештини (фаќање, тресење, вметнување, извлекување, движење), го активира сетилото за слух (шушкање, ѕвонење и други звуци), видот и допирот. Исто така, помага да се забележат некои причинско-последични односи, а благодарение на глодалката – ќе донесе олеснување во тешкиот период на никнување на забите.

За возраст од 9 месеци и понатаму
Помага во развојот на видот и слухот
Моторичките вештини и координацијата
Проникливоста, љубопитноста и фантазијата

Димензии: 25x15x16cm
Одржување: Може да се пере во машина на 30°C.
Материјал: полиестер и полиетилен (глодалката)