На залиха

Седиште За Автомобил Fold And Go I-Size Jet Black 15-36 кг – Chicco

12,490.00ден

Опис

Fold&Go i-Size е ново седиште за во автомобил, хомологирано според ECE R 129-02 регулатива(100-150см), кое го следи растот на детето од 3 до 12 години.

i-Size безбедност
Инсталирањето се извршува со каишот од автомобилот и цврсти конектори, кои овозможуваат најголема безбедност и стабилност. Безбедно за детето и лесно за родителите.

Страничен безбедносен систем
За да овозможи максимална безбедност во случај на страничен удар, Fold&Go i-Size седиштето е опремено со дополнителен и отстранлив страничен безбедносен систем прикачен на надворешната школка од седиштето.

Можност за преклопување
Дизајнирано е за лесно преклопување, за чување и складирање кога не се користи.

100 – 150 цм
Во согласност со новата регулатива ECE R129-02 што задава нови безбедносни барања на бустер седиштата со висок потпирач за грб, Fold&Go i-Size седиштето е дизајнирано да ги следи во растот децата од 100 до 150 цм ( 3 – 12 години).

Независно прилагодување
Прилагодувањето на висината и ширината на потпирачот може да биде независно, следејќи го правилно растот на децата, овозможувајќи им удобност, простор и заштита.

Патентирано решение на Chicco
Сите рачки за подесување се наоѓаат во делот на потпирачот за главата, лесно пристапни дури и кога седиштето е фиксирано во автомобилот.

Систем на налегнување
Комфор за сите деца кои патуваат со своите родители. Fold&Go i-Size може лесно да се прилагоди во 4 различни позиции од исправена до позиција за спиење.

Позиција на појасите
Позицијата на појасите е поставена да го заштити детето во деликатната абдоменална област, вклучува 3 точки на отпор.
Појасот што се наоѓа во делот на скутот ја штити пелвичната коска на детската карлица, го редуцира адбоминалниот притисок во случај на фронтален удар.

Лесно за носење
Компактно се затвора и благодарение на практичната рачка може да се носи, пренесува од еден во друг автомобил или се складира кога не се користи.