Нема на залиха

Седиште За Автомобил Sirio 012 Red Passion 0-25кг – Chicco

22,990.00ден

Нема на залиха

Опис

Со седиштето за автомобил Sirio 012 Chicco, Вашето малечко патува безбедно и удобно уште од првиот ден. Понатаму, Sirio 012 се користи приближно до 6 години.

Група / категорија на тежина:

Група 0 + / 1/ 2
Од раѓање до приближно 6 години
Погодно за деца од 0 до 25 кг
Согласно со стандардот: ECE R44 / 044

Како група 0+ седиште за автомобил, Sirio 012 Chicco се фиксира завртено наназад, со употреба на безбедносен појас на Вашиот автомобил. Вашето дете може да патува само во максимална закосена положба. На овој начин, бебето патува безбедно до секоја дестинација. Удобното перниче редуктор на седиштето му обезбедува пријатна позиција за бебиња од раѓање до приближно 6 кг. Забелешка: Секогаш деактивирајте ги воздушните перничиња!

Групата 1 (9-18 килограми), имате можност да го фиксирате Sirio 012 Chicco со помош на безбедносниот појас на возилото или со Isofix и Top Tether ( доколку е автомобилот опремен со Isofix систем). Во овој случај, Вашиот мал патник ги користи сопствените безбедносни појаси од седиштето со 5 точки на отпор. За уште поголема удобност, седиштето за автомобил има меки влошки на појасите и влошка на механизмот за закопчување, како и прилагодување од седечка до положба за лежење. На овој начин, удобните патувања и слатките соништа се загарантирани во секое време!

За поголеми деца во Група 2 (15-25 кг), седиштето за автомобил може да се фиксира на два начини. Може да се фиксира со Isofix и Top Tether ( доколку е автомобилот опремен со Isofix систем) или едноставно фиксирање со помош на безбедносниот појас од автомобилот со 3 точки на отпор. Во зависност од видот на фиксирање, Вашето дете треба да се прицврсти или со сопствените појаси со 5 точки на отпор од седиштето или со безбедносниот појас на возилото.

Висината на потпирачите за глава и на раменските појаси, може да се прилагодат истовремено и со тоа совршено да се прилагоди висината според растот на Вашето дете.

Максимална безбедност за Вашето малечко во секоја возрасна група! Повеќето опции за фиксирање обезбедуваат максимална флексибилност.

Детали:

Група 0 + / 1 / 2
Погодно од раѓање до телесна тежина од 25 кг или приближно до 6 години.
Достапно во различни бои.
Фиксирање преку системот Isofix и Top Tether ( доколку е автомобилот опремен со Isofix систем) или со безбедносниот појас од автомобилот со 3 точки на отпор.
Фиксирање како седиште за автомобил Група 0 +: режим наназад.
Фиксирање како седиште за автомобил Група 1 и 2: режим напред.
Вклучено е и отстранливо перниче редуктор, од раѓање до приближно 6 кг.
3 позиции на лежење кога се користи како седиште за автомобил Група 1 и 2.
Истовремено прилагодување на висината на потпирачите за глава и на раменските појаси.
Димензии: 44 x 63 x 55 см
Тежина: 12,8 кг