На залиха

Количка Trio Best Friend+ Light Oxford – Chicco

28,990.00ден

SKU: 794217900 Категории: ,

Опис

Едноставен и интуитивен, но со високи перформанси, Chicco Duo Best Friend Comfort е најдобриот сојузник за родителите кои бараат паметно решение за слободно движење.
Цврста количка и седиште за автомобил: секој елемент на Duo Chicco Best Friend Comfort е дизајниран да го поедностави животот на родителот, обезбедувајќи комфор и стил.
Лесна за користење, лесна за затворање и екстра компактна кога е затворена, се карактеризира со едноставни облици, збогатени со стилски детали што ќе го направат Trio Best Friend Comfort на Chicco вашиот најдобар пријател досега.

BEST FRIEND – Количка

Дизајнирана за да го олесни животот на родителите
Chicco Best Friend количката има едноставен и интуитивен механизам. Реверзибилното седиште е удобно за детето. Рачката е обложена со високо квалитетна еко кожа, се прилагодува во три различни позиции и и дава на количката доза на стил.
Се затвора со една рака, стои исправена кога е затворена.
Секогаш едноставна за употреба, таа е паметно решение за секојдневните прошетки.

Екстремно компактна кога е затворена
Благодарение на специјалниот механизам за затворање на седиштето, количката е неверојатно компаткна кога е затворена во било која позиција, и кога е свртена кон Вас и кога гледа кон напред.

Комфорна во секоја ситуација
Седиштето може да се прилагоди во три позиции, држачот за нозе и рачката исто така, им овозможува на родителите и детето секогаш да останат во најудобна и ергономска позиција.

Максимална заштита во сите временски услови
Тендата се продолжува, со дел со патент, е идеална и за сончеви денови и за слаби врнежи, благодарение на специфичниот водоотпорен материјал.

Пријатна за возење
Опремена со амортизери на сите четири тркала.

BEST FRIEND- Седиште за автомобил

Седиштето BEST FRIEND одговара за бебиња од раѓање до 13кг.(група 0+). Седиштето е според E R44/04 стандарди и треба да биде поставено во спротивен правец од движењето на автомобилот.
Лесно и функционално e најдобриот сојузник за патување со кола и секојдневно возење низ град.
1. Безбедно и удобно
BEST FRIEND Седиштето за автомобил е опренмено со безбедносни каиши, дополнително перниче кое се вади и меки перничиња на рамената кои овозможуваат безбедност и удобност за бебето.
2. Заштитна тенда
Тендата е водоопторна за подобра заштита на бебето дури и кога се користи на рамката од количката.
3. Мод на возење
Брзо и едноставно може да се прикачи на рамката.

BEST FRIEND – корпа

Лесна полутврда корпа која е идеална за родителите кои бараат паметно и иновативно решение за првите месеци на новороденчето.
Лесна и екстремно функционална, без да ја наруши удобноста, е совршено решение за секојдневно возење од првите денови, благодарение на вклученото душече.

1. Паметна за родителите
Екстремно лесна (само 3,6кг) и едноставна за носење.
2. Удобна за бебињата
Опремена со меко и удобно душече, овозможува максимална удобност за бебето.
3. Мултифункционална прекривка
Прекривката од корпата може да се користи и како прекривка за нозе за количката.