На залиха

Креативна игра со картички Бајки – Headu

550.00ден

SKU: 8059591425367 Категории: ,

Опис

Играј и раскажувај!

Оваа игра содржи картички со илустрации од 4 познати приказни: Снежана, Палечка, Малата сирена и Пинокио.

Кога ќе им ги читате приказните на децата, подигнете ја и покажете им ја картичката којашто се однесува на соодветното место од приказната. Доколку децата се поголеми, може да се обидат со помош на картичките да ја прераскажат приказната којашто тукушто ја слушнале.

 

Други начини на играње:

СОРТИРАЊЕ НА КАРТИЧКИТЕ СПОРЕД ПРИКАЗНА

Гледајќи ги илустрациите на картичките, децата може да ги групираат според тоа на која бајка се однесуваат.

КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА

Секој играч најпрвин добива картичка од една приказна. Потоа играчите наизменично влечат картички од купчето и доколку извлечената картичка соодветствува со нивната приказна, ја задржуваат. Првиот играч којшто ќе ја реконструира неговата приказна од пет картички – победува.

МЕМО ИГРА

Најпрвин картичките се ставаат на масата свртени со илустрациите нагоре. Откако играчите ќе се обидат да ги запомнат нивните позиции, картичките се свртуваат со лицето надолу. Потоа наизменично отвораат по една картичка. Доколку отворената соодветствува на нивната приказна – ја задржуваат, а доколку не – ја враќаат назад на масата. Победува играчот што прв ќе ги комплетира картичите од неговата приказна.

МЕШАЊЕ НА ПРИКАЗНИТЕ

Може да ги охрабрувате децата со мешање на приказните да создадат нова приказна.

Играта содржи 20 илустрирани картички и 1 картичка со упатства.

Едукативни придобивки: Учење на класичните приказни; Правење сопствени приказни; Ги поттикнува имагинацијата и креативноста
Возраст: 2-5
Материјал: Картон
Димензии на кутијата: 9,6 x 18,8 x 4,7 cm