Акцесоари
Малите работи го прават секојдневието со бебето полесно. Тука се ноќни ламби, перничиња, топломери, ваги за бебе, заштити за седиштата во колата и други акцесоари за бебето и мама, од Done By Deer, Cangaroo и Jungle.

Ноќната ламба ви овозможува да го нахраните или пресоблечете бебето без да го разбудите со силно светло. Топломерот ви треба секој пат кога бебето е немирно или топло. Вагата ви кажува дали бебето добро напредува, а заштитата за седиштето во колата го чува тапацирот од гребење и нечистотија.
Во оваа категорија се и работи што на мама ѝ го олеснуваат секојдневието, ергономски перничиња, торби, организатори за количка и други практични додатоци за излегување со бебето.