Дрвени кујни
Дрвената кујна е омилено место за игра на многу деца. Со шпорет, мијалник, тенџериња и храна од дрво, децата готват за целото семејство и учат преку игра на улоги. Модели од PolarB, Tooky Toy и Little Dutch.

Играта со кујна е игра на улоги, детето ги имитира родителите, готви, служи и раскажува. Така учи нови зборови, броење, бои и редослед на работите, а се дружи и со другите деца. Затоа дрвената кујна е една од играчките со кои децата најдолго си играат, обично од 2 до 6 години.
Прво измерете го просторот. Има мали кујни за ќош во собата и големи аголни кујни со фрижидер, мијалник и рерна. Проверете ја висината на работната површина, таа треба да одговара на висината на детето. Многу кујни имаат светла и звуци на шпоретот, а некои доаѓаат со тенџериња и прибор. Дополнително можете да купите и дрвена храна, сет за чај или кафемат.
Дали кујната доаѓа составена?
Повеќето дрвени кујни доаѓаат во кутија и се составуваат според упатството, за околу еден час.