Нема на залиха

Das.Brett Mint со подлога од плута – Tic Toys

7,900.00ден

Нема на залиха

Опис

Das.Brett е истовремено многустрана тренинг алатка и забавна играчка!

Das.Brett ви помага да се движите и да се забавувате истовремено. Исто така е извонреден за зголемување на самодовербата и за фитнес и рехабилитациски вежби.
Совршен придружник за здрав животен стил!

Извонредна забава за деца

Детската имагинација нема граници, така што инстукции за играње не се потебни. Децата можат да си играат рамнотежа, да клечат или да лежат на даската, да ја претворат во лизгалка, во мост или во пиратски брод.

Нејзиниот едноставен и елегантен дизајн едноставно ја ослободува креативноста.

Фитнес справа за тинејџери и возрасни

Das.Brett е совршено парче фитнес опрема за тинејџери и возрасни.

Откријте го богатството од вежби кешто го овозможува Das.Brett и вежбајте ги својот стомак, грб, задник и нозе исто како што би го правеле тоа во вежбална.

За вежби за бедра и задник, претворете ја Das.Brett плочата во даска за сурфање од дневната соба, ставајќи ја на теписонот, клацкајќи ја напред-назад и вртејќи ја во круг. За да внесете додатен интензитет во вежбањето, можете да скокате на краевите од даската како на трамболина.

Откријте ја разновидната програма за тренирање којашто вклучува загревање, кардио, издржливост и вежби за истегнување – сите вклучени во нашиот илустриран прирачник кошто доаѓа со секоја Das.Brett даска.

Das.Brett е природен производ направен во Германија според највисоките стандарди за квалитет

Секоја плоча е направена од седум слоја буково дрво, што ја прави екстремно цврста и еластична. Дрвото потекнува од одржливи шуми во Австрија, а слоевите на оваа плоча се споени со лепило под висок притисок и температура. Финалната обработка е направена рачно, со што секоја плоча претставува прекрасен и уникатен предмет. Во целиот производен процес се користени само сертифицирани природни материјали.

Предупредувања:

– Треба да се користи само од еден човек истовремено.
– Ова е спортска опрема, не треба да служи како играчка.
– Спортска орема според стандардот DIN EN 913.
– Соодветно за деца постари од 3 години.
– Децата помали од 6 години треба да бидат под надзор од возрасен додека играат.
– Треба да се користи само на рамна површина.
– Издржува тежина до 120 кг.