Нема на залиха

Служби за итни случаи – полиција и противпожарна – Hape

6,290.00ден

Нема на залиха

Опис

Овој комплет со служби за итни случаи вклучува зграда којашто е станица на итните служби, два моста, противпожарен камион, полициски автомобил, три фигурини (полицаец, пожарникар и криминалец), товарен воз со два вагони, 14 делови за патот и 10 железнички пруги од дрво.

Противпожарниот камион има хидрант, подвижна скала, подвижен отвор и вистинска сирена. Полицискиот автомобил има кафез што се отвора, подвижен отвор и вистинска сирена.

2-во-1: полиција и противпожарна станица, пат и железница
Паметниот дизајн комбинира и полиција и противпожарна станица и пат и железничка пруга – сите предмети што ви се потребни за бесконечна имагинативна игра. Вклучува затворска просторија, гаража, хелиодром и многу повеќе.

Звучни и светлосни ефекти
Покривот на станицата, полицискиот автомобил и противпожарниот камион имаат сирени и трепкачки светла, коишто им додаваат чувство на итност на сцените за спасување.

Полициски автомобил со фигурини
Вклучете ги светлата и сирената и испратете го полицискиот автомобил да го фати лошиот човек! Подвижниот отвор, мобилната затворска ќелија и отстранливите фигурини додаваат поголема забава.

Противпожарна машина со фигурини
Вклучете ги светлата и сирената и возете да го изгаснете огнот! Камионот има ролна за црево, подвижна скала, фигурини и кров на кабината што може да се отвори.

Пат направен од растителна пластика
За изработката на патот  се користи растителна пластика направена од шеќерна трска. Hape секогаш се труди да им остави подобар свет на следните генерации.

Компатибилност
Дрвените шини од овој комплет се компатибилни со другите железнички композиции на Hape и на другите водечки производители.

Број на парчиња во комплетот: 55