Купи!
Нема на залиха

Столче За Хранење Cube Pink Flambe – Bright Starts

2,710.00ден

Нема на залиха

Опис

Оброците се важен дел од семејното време. Уживајте во повеќе смеа и разговори – вклучително и разговори со бебето – со тоа што ќе му дадете место на Вашето малечко на масата. Ова бустер столче за хранење на бебето 2-во-1 лесно се прицврстува на трпезариски стол, така што Вашето бебе може да седи повисоко и да Ве гледа повеќе за време на семејните вечери. Ова преносно столче за хранење може да се користи за време на хранење на масата како и додека си игра спуштено на подот. Послужавник што може да се отстрани, му дава на Вашето бебе сопствена маса со совршена големина, така што закуските или играчките се лесно достапни. Кога не е во употреба, послужавникот се поставува веднаш под самото бустер столче. Како што расте Вашето бебе, можете да ја отстраните пенестата влошка од седиштето и да го претворите бебешкото столче во седиште за поголемо дете. За сите тие оброци и ужинки помеѓу нив, можете да сметате на ова бустер столче за хранење што може да се избрише, а послужавникот да се измие во машина за садови, со што ќе Ви остани повеќе време за семејно дружење и помалку за чистење на кујната.

Нега и чистење: пребришете со чиста крпа.

Препорачана возраст: 6м+. Не потопувајте во вода.