На залиха

Количка Трио Alysia Sand – Chicco

52,990.00ден

SKU: 794578700 Категории: ,

Опис

Совршена комбинација на елеганција, функционалност и дизајн, Trio Alysia на Chicco е идеална за сите ситуации и за во сите сезони.
Се користи од раѓање до 36 месеци.
Количката, корпата и автомобилското седиште Kiros i-Size се издвојуваат по своите иновативни и уникатни карактеристики.
Лесниот систем за склопување само со една рака и ширината на рамката на количката,само 50 см, им гарантираат на родителите максимална подвижност во секоја ситуација.Добра амортизација,со помали предни тркала за подобро маневрирање и задни поголеми тркала кои даваат дополнителна стабилност.
Количката е со реверзибилно седиште и е целосно опремена да ги задоволи сите потреби,без разлика дали е топло или ладно. Има зимска прекривка а потпирачот за грб е направен од мрежест материјал за да се обезбеди добра циркулација на воздухот за во летниот период. Alysia е решението за родителите кои имаат приоритет на удобноста, леснотијата и стилот.
Корпата може да се користи од раѓањето на бебето до 9 килограми или околу 6 месеци. Има водоотпорна тенда со заштита од УВ50+ зраци и мрежесто прозорче кое обезбедува одлична циркулација на воздухот. Дното на корпата се подесува без да се разбуди бебето, идеална е за спречување на рефлукс на бебето. Има ергономска рачка за лесно пренесување. Може да се постави во автомобил(со специјалните додатоци кои се вклучени)и на рамката од количката.
Димензии: 84 х 44 х 64 см
Тежина: 4,4 кг
Седиштето за автомобил Chicco Kiros i-Size е наменето од 0 до 13 кг или од 40 см до 78 см.
Лесно за инсталирање, исто така може да се постави и на база (се продава одделно) опремена со системот Isofix. Ова седиште е за родителите кои бараат безбедно и удобно решение за своето бебе. Се поставува со еден клик на рамката на количката. Опремено е со безбедносниот систем Bbecare: сензори што даваат сигнал кога бебето се отстрани од седиштето. Направено е од лесен и удобен материјал кој ја штити кожата на Вашето дете.
Димензии: 63 х 42,5 х 60 см
Тежина: 4,2 кг