Опис
Ова 2-во-1 безбедносно седиште со појас е опремено со повеќе безбедносни карактеристики од кога било досега. Благодарение на горниот ремен (top tether) и ISOFIX конекторите со автоматско отпуштање, Energi i-Size R129 останува сигурно фиксирано во возилото – дури и кога вашето дете не е во седиштето. Вградените индикатори со кодирани бои јасно покажуваат дали седиштето е правилно монтирано, што ја прави секоја подготовка за патување побрза и поедноставна.
Ова детско седиште е погодно за деца од 76 до 150 cm – од 15 месеци до приближно 12 години. Режим со појас, свртено напред: погодно за деца од 76 до 105 cm, со користење на појас со 5 точки за безбедно фиксирање на детето во седиштето. За монтажа во возилото користете ISOFIX конектори и горен ремен -top tether.
Highback booster режим, свртено напред: погодно за деца од 100 до 150 cm. Детето се фиксира со 3-точковиот безбедносен појас на возилото.
За уште поголема сигурност, Energi i-Size R129 ги исполнува i-Size и R129 стандардите во двата режими на користење и е опремено со Safety Surround™ заштита од страничен удар на Graco®, која обезбедува дополнителна заштита околу телото на детето.
Ова седиште свртено во насока на движење нуди сигурност и удобност додека вашето дете расте – од мало дете до предтинејџерска возраст. Во периодот од 76 до 105 cm (од 15 месеци до приближно 4 години), се користи режимот со внатрешен појас-harness booster. ISOFIX конекторите и горниот ремен го држат седиштето цврсто на место, без потреба од користење на безбедносниот појас на возилото. Појасот со 5 точки на врзување обезбедува детето секогаш да биде правилно и безбедно позиционирано.
Кога детето ќе достигне 100 cm – приближно 3,5 години, седиштето лесно се трансформира во highback booster режим. Внатрешниот појас се складира во вграденото место за чување, а безбедносниот појас на возилото станува главен начин на прицврстување. Отворените водилки за појасот овозможуваат негово правилно поставување, додека ISOFIX конекторите и горниот ремен можат да останат инсталирани за дополнителна стабилност.
Energi i-Size R129 се прилагодува на секоја фаза од растот на детето. Појасот без повторно провлекување овозможува лесно и истовремено прилагодување на појасот и наслонот за глава со 15 позиции, со едно едноставно движење. Седиштето располага со вградена вентилација, која го одржува детето свежо и удобно во текот на целата година. Мекото седиште со мемориска пена и обложените потпирачи за раце обезбедуваат пријатно и комфорно патување. Бидејќи нередот е неизбежен, навлаките лесно се вадат и може да се перат во машина.
Безбедност
Сертифицирано според i-Size и R129 стандарди во двата режими
ISOFIX конектори со автоматско отпуштање
Горен ремен (top tether) при користење во режим со појас
Индикатори со кодирани бои за потврда на правилна ISOFIX и top tether инсталација
Safety Surround™ заштита од страничен удар за зголемена безбедност
Отворени водилки за појас за правилно позиционирање во highback booster режим
Појас со 5 точки, кој лесно се прилагодува со една рака
Лесно користење
2-во-1 седиште, лесно се трансформира од harness booster во highback booster
Појас без повторно провлекување за едноставно прилагодување при растот на детето Вграден простор за складирање на појасот
Мала тежина – само 7,2 kg, за лесно префрлање меѓу возила
Навлаки што се перат во машина за лесно одржување
Удобност за детето
Вградена вентилација за целогодишна удобност
Наслон за глава со 15 позиции за правилна поддршка на главата и вратот
Седиште со мемориска пена за врвна удобност
Обложени потпирачи за раце за дополнителен комфор
Употреба
Режим со појас – harness booster, свртено напред: 76–105 cm 15 месеци до околу 4 години
Highback booster режим, свртено напред: 100–150 cm приближно 3,5 до 12 години
Инсталација со ISOFIX и top tether во режим со појас
Инсталација со безбедносен појас на возилото во highback booster режим
Спецификации:
Должина на производот: 44,9 см
Ширина на производот: 44,7 см
Висина на производот: 59 – 83,2 см
Тежина на производот: 7,2 кг













