Нема на залиха

Количка За Близнаци Together – Chicco

21,990.00ден

Нема на залиха

SKU: 793072200 Категории ,

Опис

Количката Together Tandem на Chicco го докажува ова гледиште, благодарение на удобните седишта кои нудат многу простор. Сепак, секое седиште само по себе е доста импресивно во однос на совршената комбинација на функционалност и комфор.

Двете седишта имаат пречка која е меко поставена и може да се отстранува, како и прилагодлива тенда со практични прозорчиња. Двете двојни предни тркала кои може да ротираат или да се фиксирани, лесната и цврста алуминиумска рамка, како и прилагодливата мека рачка за управување гарантираат совршено маневрирање и агилност.

Количката Together Tandem може да се користи за близнаци или браќа и сестри на различна возраст, благодарение на прилагодувањето на наслонот, како и делот за ножињата. Практична торба која се наоѓа на рачката за управување, како и два држачи за чаши што ја прави количката уште повеќе функционална и мобилна затоа што се што Ви треба е на дофат и брзо може да се врати на своето место.

Уште една позитивна страна на оваа мулти-функционална количка е таа што може да поставите две седишта за во кола од групата 0+, истовремено, користејќи Key-Fit систем и тоа да го направите само со една рака благодарение на иновативниот систем.

Ова овозможува висок степен на подвижност и слобода, надополнети со прекривката за нозе и навлаката за заштита од дожд, кои се вклучени, што значи дека лошотот време нема да ве спречи да одите на долги прошетки.

Карактеристики:
Ротирачки предни тркала
Две прекривки за нозе
Прилагодлива тенда со прозорче
Навлака за заштита од дожд
Пречка која се одстранува
Рачна торба и држачи за чаши поставени на рачката за туркање
Иновативен систем за лесно поставување на седиште за во кола на алуминиумската рамка
Компактна димензија